Започна сезоната 2022/2023 и ФК Пелистер фуриозно ја започна сезоната со победа во гости над екипата на ФК Кожув во Гевгелија со 2:4 . Очекувано ФК Пелистер го започна походот за Првата лига.Стрелци за головите беа Мустафов Бурхан, Трајковски Јованчо,Фазлију Љавдрим и Наумовски Никола. Тоа е добро затоа што е потребно сите да постигнуваат голови и да претставуваат опасност за противничкиот тим.Следниот натпревар ФК Пелистер ќе го игра на домашен терен на стадионот „Петар Милошевски“ со екипата на ФК Беса 1976 во 16 часот каде што ја очекуваме следната победа.